Is this site a blessing to you?



Резултати

Бог во животот на Авраам

(Битие 12:8)

Градење олтари

Кога ќе го видиме животот на Авраам ќе го забележиме неговото многу блиско заедништво со Бог. Авраам градел олтари и го повикувал името на Господ. Всушност, единственото нешто за кое знаеме дека Авраам го изградил биле олтарите. Никаде не читаме дека, на пример, тој изградил палата. На крајот на неговиот живот, тој, исто така, изградил гроб за Сара. Но каде и да одел, градел олтари и секој настан од неговиот живот му го предавал на Бог. Ако ги проучуваме олтарите што ги изградил, можеме да направиме преглед на неговата биографија.

Авраам го обожавал Бог. Тоа било нешто што најмногу го правел во животот. На пример, тој го обожавал Бог кога:

  • Се вратил од Египет (Битие 13:2- 4);
  • Ја видел големината на ветената земја (Битие 13:14 -18);
  • Господ му се открил и му го сменил името од Аврам во Авраам  (Битие 17:3 - 5);
  • Тој дал завет со Абимелех во Беершева (Битие 21:33).


Градењето олтари не било лесна задача. За тоа биле потребни камења и малтер. Но најтешкото место за градење олтар била планината Морија. Можеби градењето на тој олтар не му го скршило ’рбетот, но сигурно му го скршило срцето. Тој знаел дека олтарот што го градел е за неговиот син. Во очите на Бог, Авраам го жртвувал својот син. Животното не се појавило случајно. Бог го обезбедил Јагнето.

Теологијата на Авраам

Авраам знаел за Бог многу повеќе од секој друг од неговите современици. Самиот Бог му открил на Авраам големи вистини за самиот Себе (Битие 18:19). Тогаш немало Библија. Единствениот извор на информации за Бог бил самиот Бог. Самиот Бог му се открил на Авраам. Кога Авраам зборувал со Бог или кога тој зборувал за Бог, тој ги ползувал следните описи:

  • АДОНАЈ (Господ, Господар) - Битие 15:2
  • ЈАХВЕ (Господ - Јас Сум) - Битие 15:2
  • ЕЛ ЕЛИОН (Највозвишениот Бог) - Битие 14:22
  • ЕЛ ШАДАЈ (Семоќниот Бог) - Битие 17:1
  • ЕЛ РОИ (Богот кој ме гледа) - Битие 16:12
  • ЕЛ ОЛАМ (Вечниот Бог) - Битие 21:33
  • ЈАХВЕ ЈИРЕ (Богот кој обезбедува сѐ) - Битие 22:14


Авраам немал Библија, но го познавал Бог многу подобро отколку многу луѓе кои ја имаат. Процесот на запознавање на Бог го опишува нашиот живот. „Покажи ми го твојот бог и јас ќе ти кажам како живееш, но ќе ти кажам и како ќе ја минеш вечноста!“

Запознавањето на Бог е темелот без кој нема вистински живот и служење.

Д-р Чеслав Басара ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ; www.proword.eu)

Џејмс Н. Спрџан напишал:
„Работата е избор, но повикот е нешто што го дава Христос. Ако работиш, очекуваш да добиеш нешто: ако служиш од тебе се очекува да дадеш. На работа даваш нешто за да добиеш нешто: во служењето ти враќаш нешто што веќе ти е дадено. Работата зависи од твоите способности: твоето служење зависи од тоа дали си му достапен на Бог. Добро извршената работа ќе ти донесе награда, добро извршеното служење ќе му оддаде чест на Христос“.

Ова служење е за да му даде чест на нашиот Господ и Спасител Исус Христос!

Можеш да ги копираш и ползуваш материјалите од овој веб сајт, под услов да му благодариш на Бог за нашето служење и ако не ја измениш содржината. Исто така, те поканувам да им кажеш на твоите слушатели или читатели од каде го најде овој материјал: ” www.proword.eu, што всушност е „Проповедај го Словото!“ (меѓународно служење и поучување сврзано со МЕД).