Is this site a blessing to you?



Резултати

Господ Исус. Каков е Тој и што прави?

(Според Откровение 3:7-9)

Градот Филаделфија
Црквата во Филаделфија направила повеќе за Бог отколку сите други седум цркви во книгата на Откровението. Црквата била верна на својата мисија. Живеела близу до Господ и Тој не ја осудува, па дури не ги споменува ниту нејзините гревови. Нејзиниот предизвик бил во однос на иднината. Дали таа ќе мине низ вратата што Господ Исус ја држи отворена за неа?

Господ Исус – писателот.
Во Откровение 3:7-13 Господ Исус се претставува себеси на јазик релевантен на тие кои ќе го примат Писмото.

1.    „Тој е свет“ (Откровение 3:7).
Господ Исус бил морално совршен и без грешка или дамка. Неговиот карактер бил совршен. Светоста е важна особеност на Бог. „Светиот“ е добро позната еврејска титула за Бог. Во Исаија 43:15 Бог вели: „Јас сум Господ, твојот светец, создателот на Израел, твојот цар“. Мора да ја видиме светоста на Господ Исус како Бог. Тој е свет – значи Тој го мрази гревот. Неверните треба да Му дозволат Тој да им го реши проблемот со гревот. Тој е свет  – затоа и верните треба да бидат свети.

2.    Тој е вистина (Откровение 3:7).
Господ Исус е Оној кој е зад сѐ, Оној кој е целосно верен и доверлив. Тој вели дека тој е „вистинскиот“; во оригиналниот јазик (анатенос) зборот означува нешто реално, вистинско и автентично. Во Господ Исус ние наоѓаме реалност. Кога мислиме на Него, ние се соочуваме со апсолутната вистина. Исус е реален. Фактот што Тој е вистина значи дека секој збор што Тој го изговорил е вистинско Слово од Бог и дека секое ветување што Тој го дал го исполнил. Тоа значи дека може да Му веруваме за спасението, ако се потпреме на Него. Како верници треба да разбереме дека тоа што Господ Исус ни го кажува е вистина. Ако тој нѐ предизвика со „отворена врата на можности“, тоа значи дека можеме да преминеме низ неа и да го направиме тоа што Тој сака да го направиме ние.

3.    Тој го чува клучот на Давид (Откровение 3:7).
Клучот го претставува авторитетот. Господ Исус го чува „клучот на Давид“. Единствено друго место каде што се споменува клучот на Давид е во книгата на Исаија (Исаија 22:20-23). Елијаким го имаше добиено клучот на домот на Давид за време на владеењето на царот Езекија. Овој клуч го отворал домот на Давид, во кој биле сместени сите скапоцености на царовите на Јудеја. Елијаким решавал кој може да влезе и кој може да излезе; кој имал право на пристап кај царот Давид. Тој бил втор, веднаш по царот. Тој бил оној кој отворал и затворал врати.

4.    Тој ги сакал  (Откровение 3:9).
Господ Исус ја разбрал тешката состојба во која се нашле жителите на Филаделфија. Господ Исус го сакал најдоброто за нив (Јован 16:27). Тие кои живееле во Филаделфија (братска љубов) биле предмет на Божјата љубов. Вистинската братска љубов е невозможна без прво да се прими Божјата љубов. Неверните треба да знаат дека Господ Исус умрел поради љубов. Тој има моќ да ги спаси грешните зашто ги сака (Јован 3:16; Римјаните 5:8).

Д-р Чеслав Басара ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ; www.proword.eu)

Џејмс Н. Спрџан напишал:
„Работата е избор, но повикот е нешто што го дава Христос. Ако работиш, очекуваш да добиеш нешто: ако служиш од тебе се очекува да дадеш. На работа даваш нешто за да добиеш нешто: во служењето ти враќаш нешто што веќе ти е дадено. Работата зависи од твоите способности: твоето служење зависи од тоа дали си му достапен на Бог. Добро извршената работа ќе ти донесе награда, добро извршеното служење ќе му оддаде чест на Христос“.

Ова служење е за да му даде чест на нашиот Господ и Спасител Исус Христос!

Можеш да ги копираш и ползуваш материјалите од овој веб сајт, под услов да му благодариш на Бог за нашето служење и ако не ја измениш содржината. Исто така, те поканувам да им кажеш на твоите слушатели или читатели од каде го најде овој материјал: ” www.proword.eu, што всушност е „Проповедај го Словото!“ (меѓународно служење и поучување сврзано со МЕД).