Is this site a blessing to you?



Резултати

Да ги насочиме нашите очи кон Господ Исус!

„Гледајќи во Исус, Авторот и Довршителот на нашата вера, Кој поради радоста што беше пред Него, го претрпе крстот, презирајќи го срамот и седна оддесно на Божјиот престол.

Размислете за Него, Кој претрпе од грешниците такви противења против себеси, за да не премалите и се обесхрабрите“ (Евреите 12:2-3).

Ако не си поставиме приоритети во животот, луѓето и состојбите околу нас ќе ги постават за нас. Кога ќе се случи тоа, грижата и очајот стануваат проблем.

1.    Господ Исус ја знаеше својата цел.

„А Исус му рече: ’Денес дојде спасението во овој дом, зашто и тој е син на Авраам. Бидејќи Синот Човеков дојде да го бара и да го спаси изгубеното‘ “ (Лука 19:9-10).

„Зашто Бог не го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да биде спасен преку Него. Кој верува во Него, нему не му се суди, а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во Името на Единородениот Син Божји“ (Јован 3:17-18).

Во Лука 15:1-11 читаме за нештата кои беа изгубени:

Овцата се изгубила во секојдневните околности.

Парата била изгубена случајно.

Синот бил изгубен намерно.

Пред да си поставиме приоритети, треба да ја знаеме нашата цел.

2.    Господ Исус ги поставил Своите приоритети врз основа на Својата цел.

Прв приоритет

Заедништво со Неговиот Татко.
„А изутрината, додека уште беше темно, стана, излезе и отиде на пусто место и таму се молеше. А Симон и тие кои го придружуваа побрзаа по него и кога Го најдоа, му рекоа: ’Сите те бараат!‘ Тој им одговори: ’Да одиме во соседните села, да навестувам и таму, зашто за тоа и дојдов‘ “ (Марко 1:35-38).

Втор приоритет

Учеништво на тие кои му беа блиски.

„Кога одеа по патот, искачувајќи се кон Ерусалим, Исус одеше пред нив, а тие беа вчудовидени, додека тие кои го следеа беа исплашени. И пак ги одвои дванаесеттемина и почна да им раскажува што ќе Му се случи“ (Марко 10:32).

Трет приоритет

Служење кон изгубените.

„Бидејќи синот човеков дојде да го бара и да го спаси изгубеното“ (Лука 19:10).

3.    Господ Исус ги заштитил своите приоритети од приоритетите на другите.

„Оттогаш Исус почна да им кажува на Своите ученици дека мора да замине за Ерусалим и многу да пострада од старешините, првосвештениците и закониците, да биде убиен и на третиот ден да воскресне.

А Петар го тргна настрана и почна да го прекорува, велејќи: ’Не дај Боже, Господи; тоа никогаш не може да ти се случи!‘

А тој се обѕрна и му рече на Петар: ’Тргни се зад мене, сатано! Ти си ми соблазна, зашто не ти е на ум тоа што е Божјо, туку тоа што е човечко‘ “ (Матеј 16:21-23).

1.     Господ Исус ја знаел својата цел!

2.     Господ Исус ги поставил своите приоритети врз основа на своите цели.

3.     Господ Исус ги заштитувал своите приоритети од приоритетите на другите луѓе.

Нека нашиот поглед биде врз Господ Исус!

Д-р Чеслав Басара ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ; www.proword.eu

Џејмс Н. Спрџан напишал:
„Работата е избор, но повикот е нешто што го дава Христос. Ако работиш, очекуваш да добиеш нешто: ако служиш од тебе се очекува да дадеш. На работа даваш нешто за да добиеш нешто: во служењето ти враќаш нешто што веќе ти е дадено. Работата зависи од твоите способности: твоето служење зависи од тоа дали си му достапен на Бог. Добро извршената работа ќе ти донесе награда, добро извршеното служење ќе му оддаде чест на Христос“.

Ова служење е за да му даде чест на нашиот Господ и Спасител Исус Христос!

Можеш да ги копираш и ползуваш материјалите од овој веб сајт, под услов да му благодариш на Бог за нашето служење и ако не ја измениш содржината. Исто така, те поканувам да им кажеш на твоите слушатели или читатели од каде го најде овој материјал: ” www.proword.eu, што всушност е „Проповедај го Словото!“ (меѓународно служење и поучување сврзано со МЕД).