Is this site a blessing to you?



Резултати

Да му се служи на Бог како семејство

Има сѐ повеќе семејства во кои децата не го следат Господ. Бог сака семејствата да му служат Нему.

  • Правилата што ги дал Бог Таткото (Ефешаните 5:23; 1 Тимотеј 3:4-5).


Таткото мора да го води семејството преку:

Поучување на Божјото Слово (упатства).
Молитва со семејството.
Живот како пример.
Љубење на жената и на децата.
Покажување сочувство и цврстина.

  • Мајка (Поговорки 31:25-28; Тит 2:3-5).


Мајката мора да ја исполни својата улога дома преку:

Грижата за духовните и телесните потреби на сопругот и на децата;
Грижата за домот како нејзин приоритет (атмосфера);
Посветување на себеси на улогата на помошник.

  • Деца (Поговорки 1:8; Ефешаните 6:1-2; Поговорки 23:24-25).


Децата мора да им дадат чест и да ги почитуваат своите родители во Господ.

Добрите особини на Јов (Јов 1:1-5).

Јов чувствувал стравопочит кон Бог, се отстранувал од лошото (стих 1) и го обожавал Бог (стих 5). Како добар татко, тој живеел праведен живот пред Бог и пред своите деца.

Тој се грижел за нивните телесни и духовни потреби. Се молел нивните гревови да им бидат простени и да бидат праведни на сите свои патишта.

Авраам, прекрасен лик и побожен татко (Битие 18,19).

Авраам целосно верувал дека Божјото Слово е вистина, мудрост и благослов за него и за неговите деца. Затоа им заповедал на своите деца да одат по патиштата на Господ како што и тој тоа го правел пред Него.

Како татко, тој развивал послушност во своите деца.

Бог сака семејствата да му служат.

Д-р Чеслав Басара ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ; www.proword.eu)

Џејмс Н. Спрџан напишал:
„Работата е избор, но повикот е нешто што го дава Христос. Ако работиш, очекуваш да добиеш нешто: ако служиш од тебе се очекува да дадеш. На работа даваш нешто за да добиеш нешто: во служењето ти враќаш нешто што веќе ти е дадено. Работата зависи од твоите способности: твоето служење зависи од тоа дали си му достапен на Бог. Добро извршената работа ќе ти донесе награда, добро извршеното служење ќе му оддаде чест на Христос“.

Ова служење е за да му даде чест на нашиот Господ и Спасител Исус Христос!

Можеш да ги копираш и ползуваш материјалите од овој веб сајт, под услов да му благодариш на Бог за нашето служење и ако не ја измениш содржината. Исто така, те поканувам да им кажеш на твоите слушатели или читатели од каде го најде овој материјал: ” www.proword.eu, што всушност е „Проповедај го Словото!“ (меѓународно служење и поучување сврзано со МЕД).