Is this site a blessing to you?



Резултати

Да се досегне детето во постмодернизмот

(1 Книга Летописи 12:32)

1.    Со што е поинакво времето во кое живеат нашите деца?

Постмодернистичката генерација смета дека „Секој поглед на нештата зависи од тоа од каде ги гледаш“. Во извесна смисла, тоа е вистина. Честопати ги гледаме нештата само од наша перспектива. Постмодернистичката генерација има здрав скептицизам во однос на аналитичката рационалност на модернизмот и на претходните тврдења за знаење и сигурност.

2.    Три модели на размислување:

2.1     Теоцентризам
2.2     Модернизам
2.3     Постмодернизам

3.    Претставување на евангелието на постмодернистичката генерација

Треба да го прошириме нашето разбирање на евангелизацијата
Постмодернистите не сакаат да ги прифатат традиционалните докажувања, апологетики и презентации. Тие имаат прашања засновани врз постмодерните претпоставки за животот и реалноста. Соочувањето со постмодернизмот мора да има дел во нашиот вовед во тврдењата на Христос. Целта на секое служење ќе биде да им се помогне на луѓето да преминат од непријателство кон Бог до љубов кон Него (5 Книга Мојсеева 6:5).

Треба да ја цениме нашата заедничка положба со постмодерната генерација.

Мора да сфатиме дека имаме многу заеднички нешта што мора да ги споделиме со постмодерната генерација. Има неколку верувања и вредности во постмодерната култура што делумно или целосно се сообразени со историскиот христијански поглед на светот. Тие создаваат заедничка основа на која може да воспоставиме врска. На пример:

Западната култура не се развива

Ние, како библиски христијани, никогаш не сме верувале дека човечкото општество ќе доведе до совршен свет. Евангелските христијани можат да се согласат со постмодерната генерација за оваа теорија. Можеме да ги прашаме луѓето, ако технологијата не не води до утопија, тогаш кон што се стремиме? Модернизмот беше многу оптимистички, постмодернизмот не е.

Грижа за расизмот и чесноста
Постмодерната генерација е загрижена за нештата, како што се расата и полот. И ние сакаме да зборуваме за тие прашања, но кои ќе бидат мерилата за чесност и рамноправност?

Грижа за екологијата

Постмодерната генерација е на челно место против загадувањето. Христијаните треба да чувствуваат уште поголема грижа за Земјата. Можеме да се согласиме со нивната желба за почист и подобар свет.

Акцент врз уметничката креативност
Можеме да видиме дека на ридот Марс, апостолот Павле ги цитирал поетите од тамошната култура, а не пророците (Дела 17). Христијаните треба да ја вклучат креативноста, со тоа што ќе забележат како гласот на културата може да укаже кон сликата на Бог, дури и ако тоа не е очигледно.

Односите се најважни од сѐ

Постмодерната генерација како голема вредност го смета искреното општество, ако можат да го пронајдат. Со нашата вера во Тројниот Бог и ние гледаме дека односот е во срцето на човечкото искуство.

Д-р Чеслав Басара ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ; www.proword.eu)

Џејмс Н. Спрџан напишал:
„Работата е избор, но повикот е нешто што го дава Христос. Ако работиш, очекуваш да добиеш нешто: ако служиш од тебе се очекува да дадеш. На работа даваш нешто за да добиеш нешто: во служењето ти враќаш нешто што веќе ти е дадено. Работата зависи од твоите способности: твоето служење зависи од тоа дали си му достапен на Бог. Добро извршената работа ќе ти донесе награда, добро извршеното служење ќе му оддаде чест на Христос“.

Ова служење е за да му даде чест на нашиот Господ и Спасител Исус Христос!

Можеш да ги копираш и ползуваш материјалите од овој веб сајт, под услов да му благодариш на Бог за нашето служење и ако не ја измениш содржината. Исто така, те поканувам да им кажеш на твоите слушатели или читатели од каде го најде овој материјал: ” www.proword.eu, што всушност е „Проповедај го Словото!“ (меѓународно служење и поучување сврзано со МЕД).