Is this site a blessing to you?



Резултати

Да се препознае Спасителот. Кој е тој?

(Јован 1:1-3)

Кој е Господ Исус? Кој е Господ Исус за тебе?

Господ Исус е Господ поради создавањето! (Јован 1:1-3; Ефешаните 3:9; Колошаните 1:16; Евреите 1:1-2)

Познатиот агностик Роберт Ингерсол при една посета на Хенри Барт Бичер забележал една прекрасна изработка што ги покажувала соѕвездијата и ѕвездите на небото. „Вакво нешто барав долго време“ – рекол тој откога го разгледал. – „Кој го направил?“ „Кој го направил?“ – одговорил Бичер, симулирајќи чудење. – „Ама, ве молам, полковнику, никој не го направил, случајно се создало“.

Бог не е дел од созданието, тој е Создателот! Тој е многу поинаков од повеќето слики на Божик. Тој е Создател, значи дека е Господ! Дали тој е твој Господ?

Господ Исус е Спасител поради неговата смрт и воскресение! (Јован 1:29; 3:16-17).

Ако нашата најголема потреба била информацијата, Бог ќе ни испрател некој да нѐ образова.
Ако нашата најголема потреба била технологијата, Бог ќе ни испрател научник.
Ако нашата најголема потреба биле парите, Бог ќе ни испрател економист.
Ако нашата најголема потреба било задоволството, Бог ќе ни испрател забавувач.

Но нашата најголема потреба беше проштавањето на гревовите, па затоа Бог ни испрати Спасител.
Тој е пријател на грешниците (на Самарјанката - Јован 4:1-30; на прељубницата – 8:1-11). Како Господ тој има моќ да спасува! Тој е единствениот Спасител на светот! (Јован 14:6; Дела 4:12).

Господ Исус наскоро ќе се појави како судија! (Јован 5 22; Римјаните 2:16, 14, 10; 2 Тимотеј 4:1).

За луѓето на кои нема да им биде Спасител, ќе им биде Судија!
Треба да се поклониме пред Него пред да биде предоцна!

Господ Исус е пријател на сите луѓе кои ќе му дозволат Тој да биде тоа за нив.

Во благословите на животот (свадбата во Кана, Јован 2:1-11).
За духовно збунетите (Никодим, Јован 3:1-21; Петар, Јован 21:15-17).
За болните (синот на богатиот, Јован 4:47-54; Бетезда, Јован 5:1-9; слепиот, Јован 9:6-9).
За гладните и сиромасите (5000+), (Јован 6:10-13).

Ние можеме да си развиваме идеја за природна одвоеност меѓу Бог и човекот, но вакуумот мора да се исполни со Месијата! Тој е Господ, Спасителот, Судијата и Пријателот!

Д-р Чеслав Басара ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ; www.proword.eu)

Џејмс Н. Спрџан напишал:
„Работата е избор, но повикот е нешто што го дава Христос. Ако работиш, очекуваш да добиеш нешто: ако служиш од тебе се очекува да дадеш. На работа даваш нешто за да добиеш нешто: во служењето ти враќаш нешто што веќе ти е дадено. Работата зависи од твоите способности: твоето служење зависи од тоа дали си му достапен на Бог. Добро извршената работа ќе ти донесе награда, добро извршеното служење ќе му оддаде чест на Христос“.

Ова служење е за да му даде чест на нашиот Господ и Спасител Исус Христос!

Можеш да ги копираш и ползуваш материјалите од овој веб сајт, под услов да му благодариш на Бог за нашето служење и ако не ја измениш содржината. Исто така, те поканувам да им кажеш на твоите слушатели или читатели од каде го најде овој материјал: ” www.proword.eu, што всушност е „Проповедај го Словото!“ (меѓународно служење и поучување сврзано со МЕД).