Is this site a blessing to you?



Резултати

Доаѓам брзо! Господ Исус

(Откровение 3:11-12)

1.    „Доаѓам брзо!“

1.1    „Доаѓањето“ на Господ Исус во Ефес, Пергам и Сарт, беше доаѓање          како Судија, но неговото доаѓање во Филаделфија требаше да донесе крај на  нивното страдање.
1.2    „Доаѓам брзо“ – е предупредување за непријателите, а охрабрување на луѓето кои се потчинети.
1.3    Христијаните мора секогаш да се подготвени за доаѓањето на Исус (Откровение 3:3). Враќањето на Господ Исус со очекуваната негова ненадејност е поттик да се издржи во верното служење.

2.    Храмот

Времето на избавувањето, споменато во Откровение 3:10, овде се  идентификува со враќањето на Господ Исус за неговата црква. „Храмот“ може да се однесува на илјадагодишното царство, или на новиот Ерусалим. Вистинскиот верник ќе добие место за служење и чест пред Бог.

3.    Имињата

Тројното споменување на името дава гаранција за вечна сигурност во Господ Исус.
-    „Името на мојот Бог“ зборува за сопственост.
-    „Името на градот“ зборува за небесно жителство.
-    А „моето ново име“ зборува за сонаследништво со Господ Исус.
-   
4.   Круна

4.1  Круна за победниците
„Круната“ за која се зборува беше лаворов венец што им се даваше како награда на победниците на атлетски натпревари. Ова ветување беше погодно за градот кој бил познат со своите спортски настани, а е популарен новозаветен симбол за награда за верното служење. Апостолот Павле му напишал на Тимотеј непосредно пред неговата смрт: 2 Тимотеј 4:7 - 8.

4.2 Да се изгуби круната
Ако некој не се однесува правилно, може да ја изгуби круната што претходно ја добил (2 Јован 8). Круната го означува царскиот авторитет кој им е даден на победниците и сонаследниците на Господ Исус. Судскиот престол на Исус ќе биде место на кое ќе се добие награда или каде што ќе има жалење (2 Коринќаните 5:10).

5.    Столбови

На победниците им се кажува дека ќе бидат „столбови“ во Божјиот храм. Столбовите се најцврстиот и најтрајниот дел на секое здание. Да се биде столб во храмот, имплицира важно место на служба во Христовото царство (види Исаија 22:23; Лука 19:16-19).

Д-р Чеслав Басара ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ; www.proword.eu)

Џејмс Н. Спрџан напишал:
„Работата е избор, но повикот е нешто што го дава Христос. Ако работиш, очекуваш да добиеш нешто: ако служиш од тебе се очекува да дадеш. На работа даваш нешто за да добиеш нешто: во служењето ти враќаш нешто што веќе ти е дадено. Работата зависи од твоите способности: твоето служење зависи од тоа дали си му достапен на Бог. Добро извршената работа ќе ти донесе награда, добро извршеното служење ќе му оддаде чест на Христос“.

Ова служење е за да му даде чест на нашиот Господ и Спасител Исус Христос!

Можеш да ги копираш и ползуваш материјалите од овој веб сајт, под услов да му благодариш на Бог за нашето служење и ако не ја измениш содржината. Исто така, те поканувам да им кажеш на твоите слушатели или читатели од каде го најде овој материјал: ” www.proword.eu, што всушност е „Проповедај го Словото!“ (меѓународно служење и поучување сврзано со МЕД).