Is this site a blessing to you?



Резултати

Задоволството да Му се угоди на Бог

ако што го имале тоа Матеј, Петар или Јаков. Тој бил лекар, кој го слушнал евангелието и решил да му биде послушен на Бог со тоа што ќе ја запише усната традиција што ја слушнал за синот Божји. Тој не бил Евреин и го напишал евангелието на  јазик што можел да го разбере секој кој не бил Евреин.

Зошто Исус рекол: „Не плаши се мало стадо“?

Илјадници луѓе доаѓале да слушаат, да бидат нахранети или исцелени. Само малкумина ќе влезеле во царството. Тој ги опишал како мало стадо.

Дали Бог е задоволен од нас и од нашите деца?

Луѓето кои му припаѓаат на Неговото царство му веруваат.
Бог е задоволен, ако имаме вера. Евреите 11:6: „А без вера е невозможно да Му се угоди“. Римјаните 8:8: „Тие кои се во тело не можат да му угодат на Бог“. Тие кои сакаат да му угодат на Бог се надеваат на Христос и на убавината на Неговата светост. Тие кои имаат желба да му угодат на Бог, прво го бараат Божјото царство и целата Негова праведност. Тие кои имаат желба да Му угодат на Бог се подготвени да Му веруваат.

Тие кои му припаѓаат на Неговото царство Го слават.

Во Псалм 69:30-31 Давид вели: Ќе го славам Името на мојот Бог со песна, ќе го возвеличувам со благодарност и тоа ќе му биде поугодно на Господ отколку теле или јунец со рогови и со копита“. Со други зборови, луѓето кои му се угодни на Бог се тие кои се подготвени да Го слават. Тие доаѓаат во куќата на Таткото со песна. Тие се подготвени да му пеат песни на славење на Бог. Нашата подготвеност да Го славиме со песна и да го направиме Бог поголем отколку самиот наш живот, Нему му е многу поугодна од формалниот обред или рутина.

Пред да замине на крстот Исус испеал химна за Бог. Во Словото пишува: „И откога испеаја песна, се искачија на Маслиновата Гора“ (Матеј 26:30). Во Библијата се споменати над 25 места каде Божјите луѓе Му пееле песна на Господ. За тие кои сакаат да му угодат на Господ, Бог се радува кога тие го слават.

Тие кои му припаѓаат на неговото царство проповедаат за Него.

Ако имаме желба да му угодиме на Бог, треба да проповедаме за Христос. Не можеме да го проповедаме евангелието и да им кажеме на луѓето само тоа што сакаат да го слушнат (1 Коринќаните 1:21; Галатите 1:10).

Нашата желба треба да биде да кажеме како Христос: „Зашто секогаш го правам тоа што Му е угодно“ (Јован 8:29; Римјаните 15:3). Многу голем подарок е да се знае дека ние сме толку скапоцени за Него што Негова радост е да нѐ направи граѓани на Божјото царство.

Божјото царство не се гледа во зборовите туку во силата (1 Коринќаните 4:20).

1.    Моќта на неговата награда: Бог ни го дава секојдневниот леб (Матеј 6:11), жива вода (Јован 4:14), утеха и починка (Матеј 11:28).
2.    Моќта на Неговата заштита: Бог ги дава Неговите ангели да се грижат за нас (Псалм 91:11-13).
3.    Моќта на Неговите ветувања: Бог ни го дал Неговото Слово (Псалм 107:20).

Д-р Чеслав Басара ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ; www.proword.eu)

Џејмс Н. Спрџан напишал:
„Работата е избор, но повикот е нешто што го дава Христос. Ако работиш, очекуваш да добиеш нешто: ако служиш од тебе се очекува да дадеш. На работа даваш нешто за да добиеш нешто: во служењето ти враќаш нешто што веќе ти е дадено. Работата зависи од твоите способности: твоето служење зависи од тоа дали си му достапен на Бог. Добро извршената работа ќе ти донесе награда, добро извршеното служење ќе му оддаде чест на Христос“.

Ова служење е за да му даде чест на нашиот Господ и Спасител Исус Христос!

Можеш да ги копираш и ползуваш материјалите од овој веб сајт, под услов да му благодариш на Бог за нашето служење и ако не ја измениш содржината. Исто така, те поканувам да им кажеш на твоите слушатели или читатели од каде го најде овој материјал: ” www.proword.eu, што всушност е „Проповедај го Словото!“ (меѓународно служење и поучување сврзано со МЕД).