Is this site a blessing to you?



Резултати

Зошто ние да се вклучиме во мисија?

(Матеј 28:18-20)
(Марко 16:15)
(Јован 20:21)
(Римјаните 10:13-15)
(Дела 13:2-4)


Историски факт е дека меѓу народот без евангелието секогаш има повеќе сиромаштија, криминал, болести, уништени домови, вонбрачни деца, алчност, поткуп и војни, отколку меѓу народите кои дозволуваат слобода за евангелието за тоа да биде проповедано.

Историјата ни покажува дека во текот на 6000 години се водени 14.530 војни.  Просечно секоја година имало 2,6 војни. Цезар го чинело 0,75 долари за да убие еден непријателски војник. Наполеон тоа го чинело 3000 долари. Во Првата светска војна биле потрошени 21.000 долари за секој убиен непријател. Во Втората светска војна, сумата се искачила на 200.000 долари. Современата војна чини околу 1 милион долари за секој убиен непријател.

Замисли што ќе се случи, ако толку многу пари се дадат за мисионерство!

Нашата причина за мисионерство:


1.    Да се исполни големата заповед на нашиот Господ Исус Христос (Матеј 28: 19- 20).

а.    Ние сме позагрижени за нашите згради.
б.    Ние сме позагрижени за големи бројки.
в.    Ние сме позагрижени за тоа како нѐ гледаат другите (колку многу професионалци имаме?)

2.    Да го споделиме сочувството на нашиот Господ Исус Христос (Матеј 6:36-38; 18:10-14).

а.    Треба да го слушнеме повикот одозгора. („Оди во домот на Корнелиј!“)
б.    Треба да го слушнеме повикот одоздола. („Испрати некој кај моите браќа!“)
в.    Треба да го слушнеме повикот од полето. („Дојди во Македонија!“)

3.    Да го прославиме Бог со тоа што ќе донесеме луѓе кај Господ Исус Христос (Јован 3:16; Дела 1:8, Римјаните 10:13-15).

а.    Да се спасуваат децата од нивната беспомошност и празнина.
б.    Да се спасуваат затвореници во затворите.
в.    Да се спасуваат луѓето околу нас со посети.
г.    Да се спасуваат души во целиот свет со мисионерство.

4.    За да се изгради телото на Господ Исус Христос (Ефешаните 4:12-16).

а.    Месната црква е извор на мисионерски дејци.
б.    Месната црква е светилиштето за молитвата за мисијата.
в.    Месната црква е таа која дава за потребите на мисијата.

Д-р Чеслав Басара ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ; www.proword.eu)

Џејмс Н. Спрџан напишал:
„Работата е избор, но повикот е нешто што го дава Христос. Ако работиш, очекуваш да добиеш нешто: ако служиш од тебе се очекува да дадеш. На работа даваш нешто за да добиеш нешто: во служењето ти враќаш нешто што веќе ти е дадено. Работата зависи од твоите способности: твоето служење зависи од тоа дали си му достапен на Бог. Добро извршената работа ќе ти донесе награда, добро извршеното служење ќе му оддаде чест на Христос“.

Ова служење е за да му даде чест на нашиот Господ и Спасител Исус Христос!

Можеш да ги копираш и ползуваш материјалите од овој веб сајт, под услов да му благодариш на Бог за нашето служење и ако не ја измениш содржината. Исто така, те поканувам да им кажеш на твоите слушатели или читатели од каде го најде овој материјал: ” www.proword.eu, што всушност е „Проповедај го Словото!“ (меѓународно служење и поучување сврзано со МЕД).