Is this site a blessing to you?



Резултати

Зошто ни треба мисија кон децата?

Апостолот Павле во Римјаните 1:16 вели дека евангелието е „Божја сила за спасение на секој кој верува“. Последната заповед на Господ Исус кон нас беше: „Проповедај ја радосната вест на сите созданија“ (Марко 16:15).

1.    Првата и најважна причина зошто е неопходна мисија меѓу децата е големата заповед на Господ Исус. Христијаните не можат да ја избегнат или да ја заобиколат Неговата заповед. Господ Исус сака децата да дојдат кај Него (Марко 10:14; Матеј 18:14). Библиското евангелизирање значи дека треба да ги евангелизираме сите луѓе, вклучувајќи ги и децата.

2.    Децата имаат духовни потреби. Без Господ Исус тие се духовно мртви. Го имаат проблемот на гревот и мора да поверуваат во Господ Исус.

3.    Децата можат да одговорат на Евангелието преку нивната едноставна вера. Пат Вербал, детски автор и консултант на „Меѓународната мрежа на детски служења“, тврди дека од 75 до 85% од денешните христијани избрале да веруваат до нивната 15-годишна возраст.

4.    Децата се многу отворени кон евангелието. Според проучувањето на Институтот „Барна“, веројатноста да се прифати Христос е многу поголема меѓу децата, отколку меѓу момчињата и девојчињата и возрасните. Меѓу децата на возраст од 5 до 13 години веројатноста да го прифатат Христос е 32%. За младите кои се на возраст меѓу 14 и 18 години, процентот опаѓа на  4 %, а потоа во другиот дел од животот изнесува одвај 6%.

5.    Децата имаат подолготрајна иднина. Мисијата меѓу децата е вложување во иднината. Денес во светот живеат над 6 милијарди луѓе. Околу една третина се деца, а тие се иднината на црквата и на народите. Секое спасено дете е спасен живот.
6.    Децата честопати се Божјо средство за спасување на другите луѓе. Семејствата, вклучувајќи ги родителите, бабите и дедовците, можат да бидат спасени преку едноставното сведоштво на спасеното дете. И пријателите може да бидат доведени до Христос. На овој начин децата можат да бидат голем благослов за месната црква.

7.    Децата имаат важна улога во историјата на христијанската црква. Мартин Лутер рекол: „Ако Божјото царство треба да се засили, мора да почнеме со децата и мора да ги поучуваме уште од лулката“. Чарлс Спрџан запишал: „На децата им треба евангелието, целото евангелие, неразводнетото евангелие; треба да го добијат и, ако се поучувани во Духот на Бог, тие се исто толку способни да го прифатат, како и личностите во зрелите години“. Дин Стоун, поранешен претседател на ИНЦМ, запишал: „Служењето меѓу децата е најстратегиското служење на црквата ... квалитетот на служењето во месната црква почнува уште од предучилишните деца, а потоа продолжува натаму“.

8.    На децата им се потребни луѓето кои се надарени од Светиот Дух. Тие луѓе можат да ги поучуваат и да ги евангелизираат децата. Тие се повикани од Бог да се вклучат во мисија кон децата (Римјаните 1:16).

9.    Со тоа што ќе се вклучиме во мисија меѓу децата, ние му даваме слава на Бог. Најголема желба на секој христијанин, не само на родителите или на учителите, е да го прослави Бог. Кога децата се спасени, кога тие живеат и растат за Господ Исус, тие тоа го прават за Негова слава! Тоа е плодот што Бог го очекува! Мисијата меѓу децата треба да го прослави Бог!

Д-р Чеслав Басара ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ; www.proword.eu)

Џејмс Н. Спрџан напишал:
„Работата е избор, но повикот е нешто што го дава Христос. Ако работиш, очекуваш да добиеш нешто: ако служиш од тебе се очекува да дадеш. На работа даваш нешто за да добиеш нешто: во служењето ти враќаш нешто што веќе ти е дадено. Работата зависи од твоите способности: твоето служење зависи од тоа дали си му достапен на Бог. Добро извршената работа ќе ти донесе награда, добро извршеното служење ќе му оддаде чест на Христос“.

Ова служење е за да му даде чест на нашиот Господ и Спасител Исус Христос!

Можеш да ги копираш и ползуваш материјалите од овој веб сајт, под услов да му благодариш на Бог за нашето служење и ако не ја измениш содржината. Исто така, те поканувам да им кажеш на твоите слушатели или читатели од каде го најде овој материјал: ” www.proword.eu, што всушност е „Проповедај го Словото!“ (меѓународно служење и поучување сврзано со МЕД).