Is this site a blessing to you?



Резултати

Кога сме обесхрабрени, ни треба Божјото охрабрување

Евреите 10:23,35 – на сите Божји луѓе им треба охрабрување!

1.    На Исак му требаше охрабрување: „Ќе те благословам во земјата на гладот!“

„И му се јави Господ и рече: ’Не оди во Египет, туку живеј во земјата која ќе ти ја покажам. Насели се во таа земја и јас ќе бидам со тебе и ќе те благословам; зашто тебе и на потомството ќе ви ја дадам сета таа земја и ќе ја потврдам заклетвата со која му се заколнав на Авраам, таткото твој“ (Битие 26:2-3).

(Битие 26:12-13).

Кога Исак се соочил со недостиг на храна во земјата каде што живеел, Бог му рекол да не оди во Египет, туку да остане таму каде што бил. Бог му ветил на Исак дека тој ќе го благослови во таа земја. И Бог му дал напредок на Исак така што кога тој сеел во таа земја имал стопати пообилна жетва. Исак продолжил да станува сѐ побогат и да напредува сѐ дотогаш додека не станал многу богат.

На ист начин Бог може да нѐ благослови во тие области каде што се соочуваме со тешкотии, недостиг и болка. Можеби сме искушувани да избегаме од состојбите каде се соочуваме со болка и со закани.

Бог ветува дека ќе ја покаже својата голема моќ за нас и да ни даде напредок на местото каде што ние се соочуваме со нашите недостатоци и предизвици.

2.    Рахела: ... „… и Бог се сети на Рахела!“

„Но Бог се сети и на Рахела. Ја послуша Бог, па ја отвори утробата нејзина“ (Битие 30:22).

Рахела долго време беше неплодна и изгледаше како Господ да ја заборавил. Сите други имаа деца едноподруго. Изгледаше како Рахела да беше единствената која останала без благослов од Бог. Тогаш, кога изгледало дека Бог навистина ја заборавил, во Писмото пишува: „Господ се сети на Рахела!“ Рахела не била заборавена! Бог се сетил на неа и го послушал нејзиниот повик. Тој го одзел од неа нејзиниот срам и ѝ дал син. Таа му го дала името Јосиф. Јосиф, детето на Рахела, се возвишило над сите други деца. Јосиф имал најблескава иднина и станал водач на Египет. Иако Рахела морала да чека долго време за нејзиниот благослов, кога тој дошол, бил многу необичен, поголем од сите други.

Понекогаш во нашите животи изгледа како Бог да нѐ заборавил и дека сите добиваат благослов по благослов. Бог, кој се сетил на Рахела, сигурно ќе се сети и на нас и ќе ни даде благослови, кои ќе се посебни и вредни за сето чекање и одолжување.

Не смееме да се обесхрабриме, туку да гледаме напред со надеж и уверување за особениот благослов што Бог го подготвил за нас.

3.    Јаков: „Видов сѐ што ти направи Лаван“.

„... зашто гледам сѐ што ти прави Лаван (Битие 31:12).

Битие 31

Кога Јаков страдал поради начинот на кој Лаван се однесувал кон него 20 години, Бог му заповедал да замине од кај Лаван и да се врати во куќата на татко му. Тој му рекол на Јаков: „Видов сѐ што ти направи Лаван“. Господ го ослободил Јаков од Лаван. Иако Лаван го злоупотребувал и лажел Јакова долго време, Господ го гледал сето тоа. Бог ги гледал сите неправди и угнетување што биле извршени кон Јаков и дојде времето кога Господ се вмеша и го ослободи.
Во нашите животи Бог знае низ што сѐ минуваме, секоја болка и страдање што ги чувствуваме. Не смееме да се обесхрабруваме и да мислиме дека Бог не знае за сето страдање што ние го доживуваме.
Бог ги знае сите неправди и злоупотреби со кои се соочуваме. Тој ќе се вмеша и ќе нѐ ослободи од раката на тој што нѐ угнетува и од тие кои ни прават зло.

4.   Илија: „Имаш уште долг пат пред себе!“

„А самиот тој отиде во пустината на еден ден пат и, еден ден, седна под едно иглолисно дрво и посакуваше да умре, велејќи: ’Господе, веќе доста е,  прибери ја мојата душа, зашто јас не сум подобар од своите предци!‘

Ангелот Господов се врати повторно, се допре до него и рече: ’Стани, јади, зашто те чека долг пат‘ “. (1 Книга Царства 19:4,7).

1 Книга Царства 19:1-7, 15-16; 2 Книга Царства 2:1-11.

Кога животот на Илија беше во опасност од Језавела, тој се обесхрабри и се молеше да умре. Тој на Господ му рекол: „Доста ми е, дозволи ми да умрам!“ Чувствувал дека ќе му биде подобро да умре отколку да остане жив. Не можел да види никаква цел во животот. Не сфаќал дека Бог сѐ уште имал за него работа. Бог му испратил еден свој ангел и го охрабрил. Му рекол дека сѐ уште има многу работа за него. Сѐ уште имало уште многу важни задачи што Бог ги имал за него тој да ги исполни. Требало да помаже за царови луѓе на два народи, а и да помаже свој наследник – Елисеј. Уште повеќе, Божјата замисла  за Илија била тој да не види смрт, туку да биде грабнат жив на Небото во огнени кочии. Илија, во состојба на обесхрабреност, не ја сфатил прекрасната замисла што Бог ја имал за неговиот живот. Наместо тоа, се молел да умре. Но Бог го охрабрил и му помогнал да ја исполни целта и причината за неговиот живот.

Одвреме-навреме во нашите животи се обесхрабруваме поради големите тешкотии и се молиме Бог да нѐ земе, зашто ни е доста од овој свет. Не сфаќаме дека сѐ уште имаме многу работа и дека уште треба да изодиме долг пат.

Бог сака да нѐ охрабри да продолжиме и да ги извршиме сите задачи што Тој ни ги доделил да ги извршиме во Неговото царство.

Д-р Чеслав Басара ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ; www.proword.eu)

Џејмс Н. Спрџан напишал:
„Работата е избор, но повикот е нешто што го дава Христос. Ако работиш, очекуваш да добиеш нешто: ако служиш од тебе се очекува да дадеш. На работа даваш нешто за да добиеш нешто: во служењето ти враќаш нешто што веќе ти е дадено. Работата зависи од твоите способности: твоето служење зависи од тоа дали си му достапен на Бог. Добро извршената работа ќе ти донесе награда, добро извршеното служење ќе му оддаде чест на Христос“.

Ова служење е за да му даде чест на нашиот Господ и Спасител Исус Христос!

Можеш да ги копираш и ползуваш материјалите од овој веб сајт, под услов да му благодариш на Бог за нашето служење и ако не ја измениш содржината. Исто така, те поканувам да им кажеш на твоите слушатели или читатели од каде го најде овој материјал: ” www.proword.eu, што всушност е „Проповедај го Словото!“ (меѓународно служење и поучување сврзано со МЕД).