ProWord
Is this site a blessing to you?
Која порака е потребна за денешните деца?
1. Треба да слушнат за Бог
Бог е изворот на спасението. Децата треба да знаат кој е Бог и што прави Тој.
Децата никогаш нема да ја разберат нивната одговорност за гревот без прво да имаат јасна претстава за Бог.
Затоа поучуваме:
- Бог те создал (Дела 17:23-29): ти си одговорен пред Него.
- Бог ти зборува преку Библијата (1 Коринќаните 3- 4); ти си обврзан да Го слушаш.
- Бог е свет и праведен (Дела 17:31): Тој мора да ти суди.
- Бог е добар и те сака (Јован 3:16): Тој го направил спасението можно за тебе.
2. Треба да слушнат за гревот
Во поучувањето за гревот се зборува за потребата од спасение. Гревот и последиците од гревот треба да се објаснат темелно и сериозно. Затоа поучуваме:
- Твојот грев е против Бог (Псалм 51:4).
- Ти си грешник по природа (Ефешаните 2:3) и по дела (Римјаните 3:23).
- Поради гревот, ти заслужуваш казна од Бог (Римјаните 1:18).
3. Треба да слушнат за Исус Христос
Поуките за Исус Христос им го покажуваат на децата единствениот пат на спасението. Децата треба да знаат кој е Исус Христос и што направил Тој. Затоа поучуваме:
- Исус Христос е Бог Синот, единствениот Спасител (Дела 9:20).
- Тој умрел за тебе (Дела 2:23, 36,38).
- Тој воскреснал за тебе (Дела 2:24-32 ).
- Тој се вратил на Небото за тебе (Дела 2:23-32).
4. Треба да слушнат за покајание и вера
Поканувањето на децата да дојдат кај Христос е составен дел од евангелието (Јован 6:37; Јован 1:12). Затоа поучуваме:
- Исус Христос те кани да дојдеш кај Него (Матеј 11:28).
- Треба да се свртиш од твојот грев кон Бог (Дела 2:38; 20:21).
- Треба да поверуваш во Исус Христос и целосно да Му се потчиниш (Дела 16:31; 20:21).
Покајанието и верата вклучуваат целосен одговор на повикот на Христос: на умот, срцето и волјата (Римјаните 6:17).
Д-р Чеслав Басара (
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
; www.proword.eu)