Is this site a blessing to you?



Резултати

КРАЈ НОЗЕТЕ НА ГОСПОД ИСУС

1.      ПРОШТАВАЊЕ НА ГРЕВОВИТЕ – Лука 7:38
Иако фарисејот го поканил Господ Исус во неговиот дом, тој никогаш не седнал покрај неговите нозе. Тој сакал да седи со него на масата. Жената не го повикала Господ Исус во нејзиниот дом (можеби таа немала дом), но била свесна за нејзиниот најголем проблем: гревот. Знаела дека ѝ треба проштавање на гревовите. Таа ги донесла своите гревови пред нозете на Господ Исус.
ГОСПОД ИСУС Е БОГ КОЈ ПРОШТАВА ГРЕВ!

2.     ПРАВИЛНИ ПОУКИ – Лука 10:39
Марија знаела дека треба да учи. Марта му посакала добредојде на Господ Исус во нивниот дом во Витанија, но Марија седнала крај нозете на Господ Исус. Учењето бара концентрација. Вистина е дека Марија не била таа која го поканила Господ Исус, но таа го зазела местото, кое било најдобро за неа – крај стапалата на Исус! Тоа беше „подобриот дел“ (Лука 10:42).
ГОСПОД ИСУС Е БОГ КОЈ Е ВИСТИНА, КОЈ НЀ ПОЗНАВА И НЀ САКА!

3.     УТЕХА – ЈОВАН 11:32
Марија ја искусила загубата на нејзиниот брат Лазар. Таа не се сосредоточила на гробиштата, иако Евреите мислеле дека таа ќе оди таму. Таа сфатила дека не може да очекува многу утеха од луѓето кои, исто така, имаат свои тешкотии. Марија го зазела вистинското место покрај стапалата на Исус. Само Тој може да даде утеха. Кога беше тажна и разочарана, Господ Исус донесе радост во срцето на Марија.
ГОСПОД ИСУС Е БОГ КОЈ СЕ ГРИЖИ ЗА НАС ПРИ НАШИТЕ ТЕШКОТИИ!

4.     ЖИВОТОТ НА ДЕТЕТО – Лука 8:41
Смртта на неговото дете го натерала Јаир да го побара Исус. Тој го нашол и клекнал пред Неговите нозе. Тој сфатил дека никој не може да го врати животот на неговото дете. Јаир ја потврдил вистината дека децата без Господ Исус се мртви. Многу повеќе отколку љубовта на родителите, воздухот за дишење, покривот над главата, облеката и храната, на децата им е потребен Господ Исус. Јаир знаел каде да оди со проблемите на своето мртво дете.
ГОСПОД ИСУС Е БОГ КОЈ САКА ДА ИМ ДАДЕ ЖИВОТ НА СИТЕ ДЕЦА!

5.      БЛАГОДАРНОСТ – Лука 17:16

Десетмина лепрозни луѓе се сретнале со Господ Исус и секој од нив ја искусил Божјата љубов. Сите биле исчистени од лепрата. Се вратиле во својот нормален живот. Само еден од нив, Самарјанин, сфатил на кого треба да му благодари. Се вратил назад и клекнал крај нозете на Господ Исус. Чудесното нешто не е само тоа што тој се вратил назад, туку фактот дека другите деветмина не дошле. Самарјанинот бил обновен двапати: телесно и духовно. Благодарноста ја покажала неговата духовност.
ГОСПОД ИСУС Е БОГ КОЈ Е ДОСТОЕН ЗА НАШАТА БЛАГОДАРНОСТ!

6.       ПОБЕДА НАД СТРАВОТ – Откровение 1:17
Кога апостолот Јован го видел Господ Исус во Неговата слава, тој искусил страв. Тој го знаел Господ Исус, одел со Него, Го слушал како поучува, тој „го допрел“. Кога го видел во Неговата слава, и покрај својата возраст, тој клекнал  пред Неговите нозе! Тој добро знаел дека Господ Исус е Првиот и Последниот. Тој замолкнал за да му овозможи на Господ Исус да зборува. Апостолот Јован е голем пример за личност која живеела за Господ Исус. Тој сфатил дека најдоброто место на светот е крај нозете на Господ Исус!

ГОСПОД ИСУС Е БОГ ДОСТОЕН ЗА НАШИОТ ЖИВОТ И НАШАТА СЛАВА!

Д-р Чеслав Басара ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ; www.proword.eu)

Џејмс Н. Спрџан напишал:
„Работата е избор, но повикот е нешто што го дава Христос. Ако работиш, очекуваш да добиеш нешто: ако служиш од тебе се очекува да дадеш. На работа даваш нешто за да добиеш нешто: во служењето ти враќаш нешто што веќе ти е дадено. Работата зависи од твоите способности: твоето служење зависи од тоа дали си му достапен на Бог. Добро извршената работа ќе ти донесе награда, добро извршеното служење ќе му оддаде чест на Христос“.

Ова служење е за да му даде чест на нашиот Господ и Спасител Исус Христос!

Можеш да ги копираш и ползуваш материјалите од овој веб сајт, под услов да му благодариш на Бог за нашето служење и ако не ја измениш содржината. Исто така, те поканувам да им кажеш на твоите слушатели или читатели од каде го најде овој материјал: ” www.proword.eu, што всушност е „Проповедај го Словото!“ (меѓународно служење и поучување сврзано со МЕД).