Is this site a blessing to you?



Резултати

Молитва директно од адот

(Лука 16:19-31)
(Јуда 22-23)
(1 Коринќаните 16:15)

Што се мисиите?

Мисии се служења со целосна посветеност на таков начин што другите ќе можат да го слушнат евангелието!

Имам ли желба самиот да се потчинам пред Бог на таков начин што ќе направам сѐ што е можно за луѓето со кои доаѓам во допир да им биде тешко да се решат да одат во пеколот?

Која е мојата мисија?

Дали сум испратен?

Дали сум прифатил целосна одговорност, така како што Бог ми ја доверил?

Зошто христијаните треба да се активни во мисионерската работа?

1.    Две големи прашања

Прашањето на човекот во Библијата: „Дали сум јас чувар на мојот брат?“ (Битие 4:9).
Каин се обидел да се оправда самиот со тоа што го поставил тоа прашање.                
Второто најголемо прашање: „А кој е мојот ближен?“ (Лука 10:29).
Учителот на законот не знаел кој е неговиот ближен.
Секој христијанин треба да си ги постави овие две прашања. Уште повеќе, треба да има одговор на нив!

2.    Излет до адот – Лука 16:19-31

Адот е полн со луѓе кои плачат за мисионери. Адот е собир на тие кои го отфрлиле Бог и сега се соочени со вечен живот без Бог. Тие ја знаат реалноста на духовниот живот, но секогаш без Бог.

Многу христијани ја читаат Библијата и се молат: „Еве ме, испрати ме!“ – а сепак не прават ништо за мисијата и се задоволни со нивните површни животи. Тие не се загрижени за тие кои одат во адот. Дали македонскиот повик од Дела на апостолите може да се примени во 21 век?

3.    Статистики


Статистиките покажуваат дека само 3% од верниците се вклучени во мисија.
Христијаните трошат повеќе пари за храна за нивните кучиња и мачки отколку за мисијата.

Тогаш зар е чудно што сѐ повеќе луѓе одат во адот?

Еден просечен член на евангелска црква е неспособен да даде едноставно сведоштво за Господ Исус.

Библијата е најчитаната книга во светот, но повеќето христијани не читаат повеќе од три глави во неделата.

5.    Визија

Некои христијани се толку среќни што ќе одат на Небото што ги забораваат луѓето кои се на патот кон пеколот. На христијаните им треба визија на пеколот. Таа визија ќе ни помогне да се молиме заедно, да постиме и да ги предадеме нашите животи за спасението на тие кои се изгубени. Визијата за изгубените мора да почне од христијанските домови и мора да ги вклучи нашите џебови и нашите банковни сметки.

Ако јас не можам да одам, тогаш морам да испратам некого.

Всушност, најголемата потреба е да се молиме. Треба да имаме „молитвен менталитет“ кој е изгубен во денешните цркви.

Дали мисијата е најважниот предизвик во нашите животи, или претпочитаме да се скриеме зад ѕидовите на нашите незрели цркви?

6.    Состојбата во светот

Од сто луѓе кои живеат денес, 66 никогаш не слушнале за Господ Исус.

70 од нив не се белци.
57 се од Азија.
21 се од Европа.
70 не можат да читаат.
50 од нив си легнуваат навечер гладни.
1 од нив може да се пофали со факултетска диплома.
40 од нив се деца отворени за евангелието.
6 од нив поседуваат 50% од светските богатства.
3 од нив се многу близу до адот, можеби уште денеска.

Целата таа статистика нема никакво значење, ако не го слушаме Светиот Дух! Тој сака да работи преку нас!

7.    Божјиот план за христијаните.

Моли се повеќе и грижи се за мисионерството.
Треба да поставиме некои прашања:
Каква ќе биде нашата црква, ако сите членови се активни како што сум јас?
Каква би била нашата црква, ако сите нејзини членови даваат колку што давам јас?
Каква би била нашата црква, ако сите членови се молат како мене?
Можам ли да направам повеќе? Можам ли да дадам повеќе?
Можам ли да се молам повеќе?
Сети се на луѓето со кои ќе се сретнеш на Небото; тие на кои си им сведочел за Господ и си ги упатил кон единствениот Спасител.
Ако не го направиш тоа ти, тогаш кој?
Ако не го направиш тоа овде, тогаш каде?
Ако не го направиш тоа сега, тогаш кога?

Д-р Чеслав Басара ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ; www.proword.eu)

Џејмс Н. Спрџан напишал:
„Работата е избор, но повикот е нешто што го дава Христос. Ако работиш, очекуваш да добиеш нешто: ако служиш од тебе се очекува да дадеш. На работа даваш нешто за да добиеш нешто: во служењето ти враќаш нешто што веќе ти е дадено. Работата зависи од твоите способности: твоето служење зависи од тоа дали си му достапен на Бог. Добро извршената работа ќе ти донесе награда, добро извршеното служење ќе му оддаде чест на Христос“.

Ова служење е за да му даде чест на нашиот Господ и Спасител Исус Христос!

Можеш да ги копираш и ползуваш материјалите од овој веб сајт, под услов да му благодариш на Бог за нашето служење и ако не ја измениш содржината. Исто така, те поканувам да им кажеш на твоите слушатели или читатели од каде го најде овој материјал: ” www.proword.eu, што всушност е „Проповедај го Словото!“ (меѓународно служење и поучување сврзано со МЕД).