Is this site a blessing to you?



Резултати

Покана од апостолот Павле

За да нѐ поттикне да живееме побожни животи, апостолот Павле (врз основа на Ефешаните 5) нѐ поканува на следниве места:

1.    Во храмот (Ефешаните 5:1 -7)

Во храмот апостолот нѐ потсетува на жртвата што Господ Исус ја направил за нас. Гревот е лош и е како смрдеа во Божјиот нос (Исаија 3:24).

Ако живееме во љубов, нашите животи ќе бидат жива жртва (Римјаните 12:1 - 2; Филипјаните 2:17), угоден мирис за Господ (Јован 12:1 - 8).

2.    Во полето (Ефешаните 5: 8 -14)

Тогаш апостолот Павле оди во полето за да ни го покаже плодот и нѐ потсетува дека, ако одиме во светлината, ќе произведеме духовен плод (Галатите 5:22 - 23).

Ако одиме во светлината, не можеме да имаме заедништво со темнината (2 Коринќаните 6:14 - 18).

3.    На пазарот (Ефешаните 5:15 - 17)

Следното место каде што нѐ носи апостолот Павле е пазарот и нѐ охрабрува да бидеме како добри трговци кои знаат како да исползуваат добра можност за да купуваат и продаваат.

Ако одиме во мудроста, мудро ќе го ползуваме времето.

4.    Место на гозба (Ефешаните 5:18 - 21)

Тогаш го следиме Апостолот до местото на прослава (Ефешаните 5:18 - 19), каде што можеме да научиме како да одиме во Духот (Галатите 5:16 - 26).

Ако одиме во Духот, ќе бидеме радосни, благодарни и ќе се покоруваме еден на друг.

5.    Дома (Ефешаните 5:22 - 23)
Последната посета со апостол Павле е во домот, каде што тој го ползува бракот како слика на односот меѓу Исус и црквата. Христос нѐ засакал и умрел за нас, но денес тој нѐ љуби и се грижи за нас. Овој близок живот е опишан во „Песна над песните“ и може да биде реалност за сите кои ќе Му се потчинат.

Ако ние сме потчинети на Господ Исус, тогаш ќе бидеме благослов за другите.

Д-р Чеслав Басара ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ; www.proword.eu)

Џејмс Н. Спрџан напишал:
„Работата е избор, но повикот е нешто што го дава Христос. Ако работиш, очекуваш да добиеш нешто: ако служиш од тебе се очекува да дадеш. На работа даваш нешто за да добиеш нешто: во служењето ти враќаш нешто што веќе ти е дадено. Работата зависи од твоите способности: твоето служење зависи од тоа дали си му достапен на Бог. Добро извршената работа ќе ти донесе награда, добро извршеното служење ќе му оддаде чест на Христос“.

Ова служење е за да му даде чест на нашиот Господ и Спасител Исус Христос!

Можеш да ги копираш и ползуваш материјалите од овој веб сајт, под услов да му благодариш на Бог за нашето служење и ако не ја измениш содржината. Исто така, те поканувам да им кажеш на твоите слушатели или читатели од каде го најде овој материјал: ” www.proword.eu, што всушност е „Проповедај го Словото!“ (меѓународно служење и поучување сврзано со МЕД).