ProWord
Is this site a blessing to you?
ПРОФИЛ НА ДОКТОР ЧЕСЛАВ БАСАРА
1948 – се родил во Брешче покрај Освјенќим (Аушвиц), во Полска, во семејство на верни христијани.
1965 – го прифатил Господ како свој Спасител. Истата година почнал со детско служење во Полска. Студирал и работел близу до Освјенќим до 1969 година.
1969–1974 – студирал теологија на христијанската Теолошка академија во Варшава, Полска.
1972 – се оженил со Хелена. Имаат две деца, Богдан (роден 1975 год.) и Дорота (родена 1979 год.). Двете деца се во брак и заедно со нивните сопружници (Агњешка и Конрад) се вклучени во служењето на МЕД.
1975 – станал магистер по теологија во Полска.
1976 – го завршил тренинг институтот во Килхцимер, Швајцарија.
1969–1990 – организирал евангелизации за деца и млади и поучувал наставници и родители во Полска.
1982–1990 – основал цркви и поучувал во библиски училишта и евангелски цркви во Полска.
1991–2006-2007 – заедно со Хелена работеа како директори за Централна и Источна Европа за МЕД. Нивната работа беше сосредоточена на служењето на МЕД во Русија и во Централна Азија. Исто така, беа одговорни за раководење на националните водачи во 30 земји. Истовремено беа членови на Европскиот совет на мисијата МЕД.
2000 - 2006 – студираше во докторската програма за теологија на евангелскиот Теолошки факултет во Белгија.
2006 – стана доктор по систематска теологија: „Постмодерна херменеутика и евангелскиот одговор“.
2008 – почна со „Објавување на Словото!“ – меѓународно служење и поучување сврзано со МЕД.
Доктор Чеслав Басара зборува англиски, германски, руски, полски и есперанто. Тој има поучувано и проповедано во над 60 земји на сите континенти.
„Најпосле, браќа, молете се за нас, за Господовото Слово брзо да напредува
и да се прославува исто како и кај вас“ (2 Солунците 3:1)