Is this site a blessing to you?



Резултати

Спасен за да служи!

„Ако некој ми служи Мене, нека ме следи; таму каде што сум Јас, таму ќе биде и мојот слуга. Ако некој ми служи Мене, него Таткото ќе го почитува“ (Јован 12:26).

Слугите го следат Господ: Кој сака да ми служи мора да ме следи...

Господ Исус јасно вели дека слугите го следат Господ! Слугата нема право да му каже на господарот што да прави тој. Да се следи Исус значи да се биде воден од неговиот дух; да се прават избори со неговата мудрост, да се живее за него; да се прави тоа што тој сака ние да го направиме!

Слуга во Новиот завет обично е превод на грчкиот збор дулос (купен роб). Понекогаш го има значењето на дијаконос (ѓакон или слуга). Тоа е правилно, зашто дулос и дијаконос се синоними. Двата збора означуваат човек кој не може да прави што сака, туку е сопственост на господарот кој го купил. Ние сме купени за да им служиме на потребите на Господарот.

Каква работа сака Господ Исус да им даде на неговите слуги? Начинот на кој тие ќе му служат, вели Тој, е со тоа што ќе им станат робови на нивните сослужители и ќе бидат подготвени да прават сѐ, без оглед на тоа колку ќе ги чини или колку ќе ги понижи, за да им помогне ним.

Слугите се таму каде што работи Исус ... И каде што сум Јас, таму ќе биде и Мојот слуга.

„Мојот Татко досега работи, па и јас работам“ (Јован 5:17).

„Зашто Негово дело сме, создадени во Исус Христос за добри дела, кои Бог однапред ги подготви, за да живееме во нив“ (Ефешаните 2:10).

Бог работи во нашиот свет! Ние можеме и ќе бидеме вклучени во тоа што Тој го прави. Служењето не е само за пасторите или за тие кои завршиле теолошко училиште. Ако чекаме или зависиме само од тие луѓе, ќе постигнеме многу малку.

Слугите ќе добијат чест од Бог ... Мојот Татко ќе им даде чест на тие кои ми служат.

Кога со радост Му служиме на Господ, со возбуда и ентузијазам, Бог ќе ни ја даде честа. Нема земна чест што може да се спореди со неа. Тие кои служат ќе бидат почестени од Бог.

Славниот виолинист Паганини ја оставил својата прекрасна виолина на градот Џенова, под услов никогаш никој да не свири на неа. Дрвото на инструментот, кога тој се користи, старее, но многу бавно. Ако се остави и не се свири, почнува да се распаѓа. Прекрасната виолина на Паганини денес е изедена од црви и е бесполезна, освен како реликвија. Ако христијанин одбива да служи, тоа брзо ќе ја уништи неговата способност да биде полезен.

Слугите го следат Господ! Слугите се таму каде што Исус работи! Слугите ќе ја добијат честа од Бог!


Д-р Чеслав Басара ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ; www.proword.eu)

Џејмс Н. Спрџан напишал:
„Работата е избор, но повикот е нешто што го дава Христос. Ако работиш, очекуваш да добиеш нешто: ако служиш од тебе се очекува да дадеш. На работа даваш нешто за да добиеш нешто: во служењето ти враќаш нешто што веќе ти е дадено. Работата зависи од твоите способности: твоето служење зависи од тоа дали си му достапен на Бог. Добро извршената работа ќе ти донесе награда, добро извршеното служење ќе му оддаде чест на Христос“.

Ова служење е за да му даде чест на нашиот Господ и Спасител Исус Христос!

Можеш да ги копираш и ползуваш материјалите од овој веб сајт, под услов да му благодариш на Бог за нашето служење и ако не ја измениш содржината. Исто така, те поканувам да им кажеш на твоите слушатели или читатели од каде го најде овој материјал: ” www.proword.eu, што всушност е „Проповедај го Словото!“ (меѓународно служење и поучување сврзано со МЕД).