ProWord
Is this site a blessing to you?
Тие оставија сѐ и тргнаа по Него
(Лука 5:1-11)
План број 1
Бог е подготвен да те поучува!
„Еднаш, додека народот се туркаше околу него за да го слуша Божјото Слово…“ (Лука 5:1).
Лекција број 1
Ако сум подготвен да слушам, Бог е подготвен да ме поучува!
План број 2
Бог е подготвен да ти ја покаже Неговата моќ!
„Крај брегот забележа два кораби. Рибарите беа излезени од нив и ги чистеа мрежите. Тој влезе во еден од корабите, кој беше на Симон и го замоли да го оддалечи малку од копното. Потоа седна и Го поучуваше народот од коработ. А кога престана да зборува, му рече на Симон: ’Навлези кон подлабокото и фрлете ги мрежите за ловење!‘ Симон му одговори велејќи: ’Господаре, цела ноќ се трудевме и ништо не уловивме, но на Твојот збор, ќе ги фрлиме мрежите‘. А кога го направија тоа, уловија толку многу риби, што почнаа да им се кинат мрежите. Им дадоа знак на другарите во другиот кораб да дојдат и да им помогнат. Тие дојдоа и ги наполнија двата кораби, па почнаа да тонат“ (Лука 5:2-7).
Лекција број 2
Ако сум подготвен да Му бидам послушен, Бог е подготвен да ми ја покаже Неговата моќ!
План број 3
Бог е подготвен да те исползува!
„Кога Симон Петар го виде тоа, клекна пред Исусовите нозе и рече: ’Бегај од мене Господе, зашто сум грешен човек!‘ “ Се вчудовидоа тој и сите кои беа со него, поради многуте риби што ги уловија, а и Зебедеевите синови, Јован и Јаков, кои му беа другари на Симон. А Исус му рече на Симон: ’Не плаши се! Отсега ќе ловиш луѓе‘. И кога ги извлекоа корабите на суво, оставија сѐ и тргнаа по Него“ (Лука 5:8-11).
Лекција број 3
Ако сум подготвен да бидам понизен, Бог е подготвен да ме исползува!
Лекции од Бог:
Ако сум подготвен да слушам, Бог е подготвен да ме поучува!
Ако сум подготвен да бидам послушен, Бог е подготвен да ми ја покаже Неговата моќ!
Ако сум подготвен да бидам понизен, Бог е подготвен да ме исползува!
Д-р Чеслав Басара (
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
; www.proword.eu)