Is this site a blessing to you?



Резултати

Хаосот што го правиме кога Бог не е на прво место

(Еремија 2:1-37)

Во книгата на пророкот Еремија се раскажани три различни приказни за кои читаме во целата книга.

Во првата приказна се раскажува за еден млад човек по име Еремија. Еремија бил човекот избран од Бог за една многу тешка задача.


Во втората приказна се раскажува за Божјиот избран народ, Израелците. По многу години на безбожно водство и славење идоли, на Бог му било доста. Тој на Еремија му ја дал задачата да пророкува за лошите вести дека Израел ќе биде покорен од Вавилонците. 

Во третата приказна се раскажува за самиот Бог. Татко со скршено срце кој гледал како Неговите деца сѐ повеќе пропаѓаат во бунтовност.
Кога Бог не е на прво место во нашиот живот, ќе се најдеме во многу тешка состојба. Тоа е хаосот што го правиш кога Бог не ти е на прво место во животот.

Тоа му се случи и на Божјиот избран народ, Израелците. Тие почнаа да се мешаат со другите народи и почнаа да ги прифаќаат нивните лажни богови. Почнаа да се мажат и да се женат со луѓе надвор од еврејската вера. Тоа за кое на почетокот мислеа дека тие го контролираат, сега ги контролираше нив.

Предупредување 1: Кога се поведуваш по нешто друго, а не по Божјото мерило, веќе си на лизгаво место кое те води кон несреќа.

Еремија многу силно и кратко кажа за кризата во која беше Израел:

„Ќе појдам на секој висок рид и под секое лисно дрво ќе им служам на идоли“ (Еремија 2:20б).

За Израелците тревата изгледаше позелена на другата страна. Не помина долго време и тие беа на другата страна, обожавајќи идоли и лажниот бог Баал. Тие ги гореа своите деца како жртва на лажниот бог Молох. Во 28 стих пишува дека имале исто толку богови, колку што имале и градови. Биле неморални во нивните полови односи, биле нечесни во нивните деловни односи. Бог велел: „Што е многу, многу е“. На почеток сѐ изгледало безопасно. Исто и како мала змија ѕвечарка. Но нема да помине долго време и таа ќе касне. Нема да помине долго време и таа ќе преовлада и ќе се најдеш во голема опасност. Кога се поведуваш по некое друго мерило, а не по она поставено од Бог, се наоѓаш на лизгаво место и одиш кон несреќа.

Предупредување 2: Следењето безбожни водачи ќе те доведе до безбожен живот.

Токму тоа им се случи на Израелците. Тие слушаа безбожни водачи кои од нив бараа побожност. „Свештениците не прашаа: ’Каде е Господ‘? И учителите на законот не Ме познаа, пастирите се одметнаа од мене и пророците пророкуваа во името на Баал и одеа по оние кои не помагаат“ (Еремија 2:8).
Израелците беа народ меѓу кои верските водачи не го бараа Бог. Судиите не го познаваа Бог, ниту неговите морални заповеди. Царовите се бунтуваа против Бог и ги изградуваа своите царства, наместо Божјото царство. Проповедниците ја проповедаа теологијата на Баал, а не од Божјото Слово. Кога ќе почнеме да следиме безбожни водачи, нема да помине долго време па и ние ќе заглавиме во нивниот начин на живеење.

Предупредување 3: Ако се сметаш самиот поважен од Бог, готов си да паднеш.

Израелците сметале дека нивните патишта се подобри од Божјите патишта:

„Зашто две зла изврши мојот народ: Мене, изворот на жива вода, ме оставија и си ископаа извори издупчени, кои не можат да држат вода“ (Еремија 2:13).

Израелците можеле да имаат прекрасна студена изворска вода, или можеле да пијат од застојан бунар. Израелците сакале да одат по свој пат и да постапуваат по свое.

Ако се ставиш себеси пред Бог, тогаш се подготвуваш за паѓање.

Предупредување 4: Кога се отфрла покајанието, тогаш се стврднува срцето.

Израелците не сакале да признаат дека не се во право и не се покајале за злото. Како последица од тоа, нивните срца отврднале и тие продолжиле да живеат  непослушно. Бог го избришал целиот народ, зашто тие одбиле да се вратат кај Него.

„Тие ми го свртеа грбот, а не лицето“ (Еремија 2:27б).

Која беше последицата од нивното зло? Во 37 глава пишува дека Бог дозволил владетелите од Вавилон да го нападнат Ерусалим. Тие го опколиле, го опсадиле градот и најпосле успеале да го освојат. За својата непослушност, царот на Јудеја бил заробен. Тој морал да гледа како му ги убиваат децата. Потоа му биле извадени очите и бил окован во зандана до крајот на својот живот. Во Ерусалим, палатата била изгорена до темели; целата жетва била уништена, а многу семејства биле убиени. Повеќето од луѓето биле одведени во ропство во Вавилон.

Предупредување 5: Гревот носи тешки последици.

Можеби не веднаш, ниту дури наредната недела, но гревот носи тешки последици.

„Познај и размисли, колку е лошо и горчливо што ме остави, вели твојот Господ Бог“ (Еремија 2:19б).

Можеби сме искушувани да мислиме дека, бидејќи никој од нас не е совршен,  сите донекаде сме болни од таа морална болест што во Библијата се нарекува „грев“, а бидејќи Бог е Бог на љубов, тогаш тоа и не е многу важно. Тој нема да ги гледа нашите мали грешки. За жал, состојбата е многу посериозна од тоа. Иако Бог многу нѐ љуби, Неговата светост и праведност се такви што Тој не може да живее со злото. И, како што велат пророците Авакум и Исаија: „На твоите чисти очи не им е својствено да гледаат злосторства и ти не можеш да гледаш угнетување“ (Авакум 1:13). „Но вашите беззаконија ве разделија од вашиот Бог и вашите гревови прават да Го крие лицето Свое од вас“ (Исаија 59:2).

Д-р Чеслав Басара ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ; www.proword.eu)

Џејмс Н. Спрџан напишал:
„Работата е избор, но повикот е нешто што го дава Христос. Ако работиш, очекуваш да добиеш нешто: ако служиш од тебе се очекува да дадеш. На работа даваш нешто за да добиеш нешто: во служењето ти враќаш нешто што веќе ти е дадено. Работата зависи од твоите способности: твоето служење зависи од тоа дали си му достапен на Бог. Добро извршената работа ќе ти донесе награда, добро извршеното служење ќе му оддаде чест на Христос“.

Ова служење е за да му даде чест на нашиот Господ и Спасител Исус Христос!

Можеш да ги копираш и ползуваш материјалите од овој веб сајт, под услов да му благодариш на Бог за нашето служење и ако не ја измениш содржината. Исто така, те поканувам да им кажеш на твоите слушатели или читатели од каде го најде овој материјал: ” www.proword.eu, што всушност е „Проповедај го Словото!“ (меѓународно служење и поучување сврзано со МЕД).