Is this site a blessing to you?



Резултати

Што значи за мене Божјото Слово?

„Држи се за примерот на здравото Слово што го имаш слушнато од мене во верата и љубовта која е во Исус Христос“ (2 Тимотеј 1:13).

1.    Примерот на здравото Слово

Изразот „пример“ во 2 Тимотеј 1:13 значи „архитектонски дизајн“. Од самиот почеток на првата црква веќе постоеше конечен преглед на доктрините. Тоа бил образец според кој се оценувало секое учење. Тимотеј бил предупреден да не ја менува содржината на тој преглед. Ако го направел тоа, немало да има ништо со кое ќе може да ги оцени учителите со кои се среќавал. И ние во 21 век треба доследно да се придржуваме кон тоа што апостол Павле го поучувал во првиот век. Во првата црква, широко распространета била една филозофија наречена „антиноминијанизам“. Таа тврдела: „За нас не постои закон“. Овој концепт е жив и денес. Има такви луѓе кои тврдат дека ние сме под благодатта, а не под законот. Се тврди дека Новиот закон е збир на љубовни писма, а не правен документ. Некои луѓе го отфрлаат тоа што го нарекуваат „теологија на терк“. Зар фразата: „примерот на здравото учење“ не ни покажува дека постои закон, според кој треба да живееме? (види 1 Коринќаните 9:21; Галатите 6:2).

2.    Држи се цврсто!

Многу векови Божјото дело било вршено од луѓе кои цврсто стоеле за време на испитувања. За нив ќе било многу лесно да направат компромис. Но тие стоеле цврсто. Апостолот Павле бил еден од тие кои не направиле компромис. При крајот на својот живот тој решил да го охрабри неговиот помлад брат во Христос, Тимотеј. Во 1 Тимотеј 1:11 читаме дека Бог му ги дал духовните вистини на апостол Павле, а дека тој му ги пренел на Тимотеј (1 Тимотеј 6:20). Според 2 Тимотеј 1:13 сега Тимотеј ја имал одговорноста да се држи цврсто и да ја чува скапата вистина, како и да им ја пренесе на други луѓе (1 Тимотеј 2:2).

3.    Што го имаш слушнато од мене ...

Ние веруваме дека Светиот Дух е Дух на вистината. Тој му ја дал таа вистина на Тимотеј. Имаме само еден Свет Дух и само една вистина што доаѓа од Него. Не веруваме во два свети духови. Затоа не веруваме во две или повеќе вистини. Бог решил да го испрати Неговиот Свет Дух за да нѐ поучи за вистината. Ако не е служењето на Духот, ние би биле во темнина. Без Него нема да можеме да го разбереме Божјото Слово. Мора секогаш да ги слушаме Неговите поуки (Јован 16:13). Тој ни овозможува да ја чуваме вистината и да ја споделуваме со другите луѓе.

4.    Вера и љубов

Треба, исто така, да забележиме дека доктрината што му беше доверена на Тимотеј требало да биде претставена со вера и љубов. Тој требало да ја каже вистината со љубов, зашто тоа беше Божјиот образец. Бог никогаш не ја кажувал вистината без љубов. Во Ефешаните 4:15 пишува: „Да се кажува вистината со љубов“. Многу е лесно да се влезе во судир поради нашата желба да ја заштитиме верата. Многу е лесно да се стане инквизитор кој, наместо да ја споделува вистината, дава директна интерпретација на вистината и создава проблеми. Еден краток преглед на доктрината на оправдувањето и христијанскиот живот е: „Верата нѐ прави господари, а љубовта нѐ прави слуги“. Верата мора секогаш да биде насочена и сосредоточена на Господ Исус Христос; никогаш (стриктно зборувајќи), не е вера во црква, ниту во никаква  друга благодат.

5.    Во Исус Христос

Изворот на сите небесни благослови е само во Христос. Верата е средство на душата која е соединета во витално спасоносно заедништво со Откупителот, Исус Христос. На пример: „И да се најдам во Него без своја праведност, што доаѓа од законот, туку по праведноста што доаѓа преку верата во Христос, праведноста што е од Бог врз основа на вера“ (Филипјаните 3:9).

Д-р Чеслав Басара ( Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ; www.proword.eu)

Џејмс Н. Спрџан напишал:
„Работата е избор, но повикот е нешто што го дава Христос. Ако работиш, очекуваш да добиеш нешто: ако служиш од тебе се очекува да дадеш. На работа даваш нешто за да добиеш нешто: во служењето ти враќаш нешто што веќе ти е дадено. Работата зависи од твоите способности: твоето служење зависи од тоа дали си му достапен на Бог. Добро извршената работа ќе ти донесе награда, добро извршеното служење ќе му оддаде чест на Христос“.

Ова служење е за да му даде чест на нашиот Господ и Спасител Исус Христос!

Можеш да ги копираш и ползуваш материјалите од овој веб сајт, под услов да му благодариш на Бог за нашето служење и ако не ја измениш содржината. Исто така, те поканувам да им кажеш на твоите слушатели или читатели од каде го најде овој материјал: ” www.proword.eu, што всушност е „Проповедај го Словото!“ (меѓународно служење и поучување сврзано со МЕД).