Is this site a blessing to you?



Резултати

Outlines of Messages

Благословите од благодарноста

1.    Благодарноста е израз на духовниот живот
Лука 17:11-18
Каде се другите деветмина?

2.    Благодарноста му носи слава на Бог
Дела 3:7-11
Ги поттикнуваме другите со тоа што ќе бидеме благодарни.

Читај повеќе: Благословите од благодарноста

   

Бог во животот на Авраам

(Битие 12:8)

Градење олтари

Кога ќе го видиме животот на Авраам ќе го забележиме неговото многу блиско заедништво со Бог. Авраам градел олтари и го повикувал името на Господ. Всушност, единственото нешто за кое знаеме дека Авраам го изградил биле олтарите. Никаде не читаме дека, на пример, тој изградил палата. На крајот на неговиот живот, тој, исто така, изградил гроб за Сара. Но каде и да одел, градел олтари и секој настан од неговиот живот му го предавал на Бог. Ако ги проучуваме олтарите што ги изградил, можеме да направиме преглед на неговата биографија.

Авраам го обожавал Бог. Тоа било нешто што најмногу го правел во животот. На пример, тој го обожавал Бог кога:

  • Се вратил од Египет (Битие 13:2- 4);
  • Ја видел големината на ветената земја (Битие 13:14 -18);
  • Господ му се открил и му го сменил името од Аврам во Авраам  (Битие 17:3 - 5);
  • Тој дал завет со Абимелех во Беершева (Битие 21:33).


Градењето олтари не било лесна задача. За тоа биле потребни камења и малтер. Но најтешкото место за градење олтар била планината Морија. Можеби градењето на тој олтар не му го скршило ’рбетот, но сигурно му го скршило срцето. Тој знаел дека олтарот што го градел е за неговиот син. Во очите на Бог, Авраам го жртвувал својот син. Животното не се појавило случајно. Бог го обезбедил Јагнето.

Читај повеќе: Бог во животот на Авраам

   

Во домот на грнчарот

(Еремија 18 1:11)

Историското значење на текстот


Еремија забележал дека грнчарот има прецизен план.
Грнчарот ги користел вештите раце и различни алатки за да направи сад со одреден облик. Садот требало да ја исполни целта што била во умот на грнчарот.

  • Грнчарот ја избрал глината, глината не го избрала грнчарот.
  • Грнчарот ја избрал глината што му била потребна.
  • Грнарот користел притисок за да ја обликува глината.


Големиот грнчар има план за секој од нас (Еремија 1:18; 2:11).

  • Еремија го гледал Бог како грнчарот, а Израел како Неговата глина.
  • Бог имал план за Израел.
  • Бог го обликувал Израел во одреден облик, со тоа што му испраќал многу благослови.
  • Бог го обликувал Израел со тоа што го судел.

Читај повеќе: Во домот на грнчарот

   

Господ Исус. Каков е Тој и што прави?

(Според Откровение 3:7-9)

Градот Филаделфија
Црквата во Филаделфија направила повеќе за Бог отколку сите други седум цркви во книгата на Откровението. Црквата била верна на својата мисија. Живеела близу до Господ и Тој не ја осудува, па дури не ги споменува ниту нејзините гревови. Нејзиниот предизвик бил во однос на иднината. Дали таа ќе мине низ вратата што Господ Исус ја држи отворена за неа?

Господ Исус – писателот.
Во Откровение 3:7-13 Господ Исус се претставува себеси на јазик релевантен на тие кои ќе го примат Писмото.

Читај повеќе: Господ Исус. Каков е Тој и што прави?

   

Да ги насочиме нашите очи кон Господ Исус!

„Гледајќи во Исус, Авторот и Довршителот на нашата вера, Кој поради радоста што беше пред Него, го претрпе крстот, презирајќи го срамот и седна оддесно на Божјиот престол.

Размислете за Него, Кој претрпе од грешниците такви противења против себеси, за да не премалите и се обесхрабрите“ (Евреите 12:2-3).

Ако не си поставиме приоритети во животот, луѓето и состојбите околу нас ќе ги постават за нас. Кога ќе се случи тоа, грижата и очајот стануваат проблем.

1.    Господ Исус ја знаеше својата цел.

„А Исус му рече: ’Денес дојде спасението во овој дом, зашто и тој е син на Авраам. Бидејќи Синот Човеков дојде да го бара и да го спаси изгубеното‘ “ (Лука 19:9-10).

„Зашто Бог не го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да биде спасен преку Него. Кој верува во Него, нему не му се суди, а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во Името на Единородениот Син Божји“ (Јован 3:17-18).

Во Лука 15:1-11 читаме за нештата кои беа изгубени:

Овцата се изгубила во секојдневните околности.

Парата била изгубена случајно.

Синот бил изгубен намерно.

Пред да си поставиме приоритети, треба да ја знаеме нашата цел.

Читај повеќе: Да ги насочиме нашите очи кон Господ Исус!

   

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Џејмс Н. Спрџан напишал:
„Работата е избор, но повикот е нешто што го дава Христос. Ако работиш, очекуваш да добиеш нешто: ако служиш од тебе се очекува да дадеш. На работа даваш нешто за да добиеш нешто: во служењето ти враќаш нешто што веќе ти е дадено. Работата зависи од твоите способности: твоето служење зависи од тоа дали си му достапен на Бог. Добро извршената работа ќе ти донесе награда, добро извршеното служење ќе му оддаде чест на Христос“.

Ова служење е за да му даде чест на нашиот Господ и Спасител Исус Христос!

Можеш да ги копираш и ползуваш материјалите од овој веб сајт, под услов да му благодариш на Бог за нашето служење и ако не ја измениш содржината. Исто така, те поканувам да им кажеш на твоите слушатели или читатели од каде го најде овој материјал: ” www.proword.eu, што всушност е „Проповедај го Словото!“ (меѓународно служење и поучување сврзано со МЕД).